Македонската кошаркарска репрезентација денеска со почеток во 17 часот ќе ги одмери силите со Бугарија, во последниот контролен натпревар во пресрет на почетокот на претквалификациите за СП 2019. „Црвено-жолтите“ пред петнаесетина дена го совладаа истиот ривал во Скопје со резултат 80-70, но овојпат селекторот Јорданчо Давитков се соочува со сериозен проблем поради отсуството на капитенот Војдан Стојановски, како и неиграњето на центарот Бојан Крстевски, кој веќе извесно време е „во аут“ поради повреда.
„Целта е да се продолжи победничката серија по успешните резултати во Скопје, но пред се сите играчи да останат здрави бидејќи влегуваме во период кога за само неколку дена пред нас е стартот на претквалификациите“ – истакнуваат од нашиот национален тим.
Добра вест е што Џордан Теодор е „фит“ и конечно ќе може да настапи во репрезентативниот дрес, откако во досегашниот дел од подготовките настапи само на првиот меч со Бугарија.
Македонија веќе на 2 август ги стартува претквалификациите за СП 2019, а премиерниот натпревар нашите репрезентативци го играат во Приштина против селекцијата на Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА