Македонските ракометари в сабота ќе играа против Русија, во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 5 до 8.место на СП (У21) во Алжир. Во четвртфиналето, Македонија загуби од Франција (33-16), а Русија беше поразена од Данска (38-31) .
Македонија и Русија играа меѓусебе и во групната фаза на ова СП во натпреварот од 1.коло. Македонските ракометари го добија овој дуел со 29-22. Доколку бидат поуспешни и саботниот меч, тогаш Македонија ќе се бори за 5.место со победникот од дуелот меѓу Тунис и Унгарија. Во спротивно, со пораз од Русија, македонските ракометари во недела ќе разигруваат за 7 место со поразениот од овој дуел.
Во полуфиналето на СП (У21) ќе играат: Франција – Данска и Германија – Шпанија
Резултати четвртфинале:
Франција – Македонија 33-16
Германија – Тунис 27-21
Данска – Русија 38-31
Унгарија – Шпанија 29-30 по продолженија (24-24)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА