Екипата на Вардар денеска ги стартува подготовките за новата сезона, a тренерот Раул Гонзалес донесе одлука во првиот тим да вклучи тројца ракометари кои досега настапуваа за Вардар јуниор. Станува збор за голманот Даниел Ѓорѓески, крилото Мартин Поповски и бекот Тоше Ончев. Тие веќе ги почнаа подготовките со екипата за новата сезона.
На првиот собир на тимот има 20 ракометари, и тие деновиве ќе тренираат во Скопје каде ќе ги изршат и неопходните лекарски прегледи. Ончев, Ѓорѓески и Поповски и лани тренираа повремено со екипата и настапуваа на неколку натпревари од СЕХА лигата, а сега ќе го минат целиот тренажен процес пред почетокот на сезоната. Шанса да тренира доби и Тоше Ончев кој исто така доаѓа од тимот на Вардар јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА