Франција е актуелен светски шампион и ја има улогата на голем фаворит во вечерашното полуфинале против Македонија на младинското ракометно СП (У21) во Алжир. Францускиот ракометен портал „handnews.fr“ ги издвојува предностите на француската репрезентација во однос на искуството, квалитетот и континуираните врвни резултати.
Како главен адут на македонската репрезентација се посочува капитенот Филип Талески кој „ги држи сите конци во играта“. А интересни се и забелешките од читателите кои ја предупредуваат француската репрезентација дека Македонија е тим што не смее да се потцени ниту пак превдвреме да се отпише. А, посебно македонскиот капитен.
„Не знаев дека Талески се уште игра во У21, внимавајте на него! Тој е идниот Лазаров“, стои во еден од коментарите.
Покрај фокусот на Филип Талески, францускиот медиум го издвојува и потенцијалот што го носат Филип Кузмановски и Мартин Велковски на бековските позиции, прецизноста на Давор Палевски и Мице Шилегов на крилните позиции и умешноста на пикерот Филип Арсеновски на линијата од шест метри. Според Французите најслабата карика во македонскиот состав се голманите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА