Милан без Бонучи и без Билја стартува во Лига Европа: Трансферите уште не се доплатени

Италијанскиот калчолигаш Милан е клубот кој беше убедливо најактивен на трансфер пазарот во Европа ова лето, а вечерва ќе го има и својот старт во квалификациите за Лигата на Европа. Реновираниот тим на „росонерите“ ќе игра против Крајова во Романија, но тренерот Монтела ќе ги нема на располагање двете последни засилувања, Леонардо Бонучи и Лукаш Билја.

Причината е едноставна, овие трансфери во целост се уште не се реализирани, односно Милан ги нема подмирено обврските за отштета кон Јувентус, односно кон Лацио. Токму затоа Бонучи и Билја нема да дебитираат вечерва во составот на „миланезите“. Во составот не се ниту Чалханоглу, ниту Бака.

Раководството на Милан ја потврди оваа информација за италијанските медиуми и им вети на своите фанови дека се ќе биде средено до почетокот на Серија А, на 20. август.

А, што се однесува до Лигата на Европа, Милан и без овие двајца фудбалери е голем фаворит во двомечот со романскиот претставник Крајова.

Се вчитува...