Реал Мадрид е далеку од посакуваната форма на десетина дена до Суперкупот во Скопје откако „кралскиот клуб“ претрпе убедлив пораз од Манчестер сити на турнејата во САД.
„Граѓаните“ од Манчестер славеа со 4-1, а мора да се истакне дека на полувреме резултатот гласеше 0-0, за тимот на Пеп Гвардиола целосно да доминира во вториот дел и да слави убедлива победа над актуелниот европпски првак.
Отаменди го отвори резултатот, на 2-0 зголеми Стерлинг, а третиот погодок беше дело на Стоунс. Најубав момент на натпреварот беше четвртиот гол на „граѓаните“, дело на 17-годишниот Диаз, кој со прекрасен удар од дваесетина метри ја затресе мрежата на „кралскиот клуб“. Единствениот погодок за Реал беше дело на младиот Оскар во 90. минута.
Real Madrid vs Manchester City 1-4 – All Goals… by Spanish-Football
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА