Чешкиот интернационалец Јан Весели и следната сезона ќе го носи дресот на европскиот првак Фенербахче. Тој се согласи да ја одработи и втората година од својот договор, иако имаше неколку понуди и од НБА – лигата. Сепак, раководството на клубот и тренерот Жељко Обрадовиќ инсистираа тој да остане во Истанбул и да биде еден од лидерите на тимот што ќе се обиде да ја одбрани европската круна.
Весели минатата сезона имаше просек од 9,6 поени и 4,5 скока по натпревар, за 24 минути поминати на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА