Генерацијата што со години наназад ја посочувавме како најталентирана, вечерва покажа дека сите позитивни епитети давани низ годините биле сосема оправдани. Го чекавме блесокот и „петте минути на Талески, Кузмановски, Томовски… и дочекавме.
Успехот е историски, пласманот во четвртфиналето ќе се памети уште долго, квалитетот е несомнен, но вечерва овие момци покажаа карактер и огромна моќ, да замолкнат 8.000 фанатични фанови во преполната арена.
Вечерва „децата“ станаа „мажишта“, што без оглед на резултатот во четвртфиналето со Франција, е гаранција за добра иднина на македонскиот ракомет.
.@rfmhandball ?? win 24:20 to make the quarter-finals and put an end to the Algerian ?? dream. Им честитам на Македонија ?#Algeria2017 pic.twitter.com/1uzrefZ4f6
— IHF (@ihf_info) July 26, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА