Филип Кузмановски е еден од носителите на играта на младинската репрезентација на Македонија на СП (У21) во Алжир. Средниот бек македонската репрезентација запиша 17 гола и шест асистенции и имаше забележителна улога во одбрана во петте натпревари од групната фаза во кои Македонија избори пласман во осминафиналето на СП.
Младите македонски ракометари вечерва ги очекува дуел со домаќинот Алжир пред 8.000 публика во салата „Омниспорт Харча“ за прво мундијалско четвртфинале, а Кузмановски најавува дека се максимално концентрирани и подготвени за нов подвиг.
„Имавме еден ден одмор по завршувањето на натпреварите од групната фаза и можност добро да го анализираме и тактички да се подготвиме за следниот противник. Алжир има добра репрезентација со многу брзи крила, добар голман и главен играч десен бек. Играат длабока одбрана 5-1 и 3-3, нешто слично како Бразил. Алжирците имаат голема поддршка од публиката и на секој натпревар е полна салата, но тоа нас не ни пречи, навикнати сме на таква атмосфера.Треба да се концентрираме максимално прво во одбраната, а потоа и во нападот оти реално, во одбрана се добива, а во напад се губи натпреварот“ – вели Кузмановски во пресрет на вечерашното осминафинале на СП против Алжир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА