Новата сезона во македонскиот фудбалски шампионат почнува со супердерби, дуел меѓу Шкендија и Вардар кој треба да се одигра во Тетово, на 13.август. Вака одреди ждребот што се одржа денеска во просториите на ФФМ. Најавено е дека можеби и ќе им се излезе во пресрет на екипите кои ја претставуваат Македонија во европските купови, па можно е дербито да добие и нов термин.
Ќе има дерби и во Пелагонија. Победа ќе биде домаќин на Пелистер. Новиот прволигаш Академија Пандев ќе му гостува на Шкупи на Чаир, а Скопје ќе патува во Кратово. Работнички на домашен терен ќе игра против Ренова.
Системот останува непроменет, 36 кола по четирикружен систем.
Во првото коло од сезоната 2017/18 во Првата лига ќе се сретнат:
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА
СИЛЕКС – СКОПЈЕ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА