Хавиер Ернандез – Чичарито од денес е нов фудбалер на Вест Хем, премиерлигашот исплати скоро 20 милиони евра на Леверкузен севкупно, вклучуvajќи ги и бонусите. Порашениот фудбалер на Манчестер јунајтед потпиша тригодишен договор со „чеканите“ и ќе биде најплатен во клупската историја со неделна плата од 140.000 фунти. Мексиканецот ќе има „кам-бек“ вреден за паметење во Премиер лигата, бидејќи на отварањето на новата сезона, неговиот тим гостува токму на „Олд трафорд“.
„Многу сум среќен што сум тука и пред се’ горд што ќе го носам овој дрес. Се надевам дека моите квалитети ќе придонесат многу за остварување на амбициите. Вест Хем е клуб со историја, чест ми е што ќе играм пред една прекрасна публика. Исто така сум среќен што се враќам во Премиер лигата, за мене е најдобрата лига во светот“, истакна Чичарито.
Чичарито за две сезони во дресот на „фармацевтите“ се прослави со 39 погодоци на 76 натпревари, а пред комплетно да го напушти Јунајтед помина една сезона во Реал Мадрид како позајмен играч.
29-годишниот голгетер е четвртиот фудбалер кој пристигна во редовите на Вест Хем оваа сезона, по рекордниот трансфер на Марко Арнаутовиќ од Стоук, додека од Манчестер сити пристигнаа Пабло Забалета како слободен играч и Џо Харт на едногодишна позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА