Македонија за првпат во историјата ќе биде дел од нокаут фазата на еден младински ракометен мундијал. Успехот е апсолутно заслужен, откако оваа фантастична генерација покажа и квалитет и карактер, па на клучниот меч целосно го надигра Бразил, триумфирајќи со конечни 28-23 за освојување на второто место во групата.
По извонредното прво полувреме, дојде до мал пад во нашата игра, па Бразил на помалку од десет минути до крајот поведе со 21-22. Сепак, токму тогаш македонските јунаци ја задржаа смиреноста и направија голем пресврт. Голманот Даниловски нанижа неколку интервенции, на спротивната страна прецизни беа Талески (два гола), Кузмановски и Шилегов, кој со прекрасен погодок од крило ги разреши дилемите околу победникот и пласманот во следната рунда.
Погледнете ги тие блескави моменти на македонската селекција и големиот пресврт со кој ја стивнавме „самбата“ среде Алжир. После ова, Бразил ќе оди да си побара ракометен азил!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА