Филип Лам е изборот на германските спортски новинари за најдобар фудбалер во 2017 година, неколку месеци откако 33-годишниот фудбалер стави крај на својата фантастична кариера.
Лам му кажа збогум на фудбалот кревајќи го последниот шампионски пехар со Баерн Минхен, но тоа очигледно не беше неговото последно фудбалско признание откако денеска беа обелоденети резултатите од изборот за „Фудбалер на Германија за 2017“, организиран од тиражниот весник „Кикер“.
Лам собра вкупно 242 гласа, дури 50 повеќе од Тони Крос, кој имаше импресивна сезона со Реал Мадрид, стигнувајќи до нова титула во ЛШ. Третото место со 120 гласа му припадна на Пјер-Емерик Обамејанг, кој беше најдобар стрелец во Бундес-лигата минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА