Каталонскиот гигант Барселона би можел да го загуби Бразилецот Нејмар, еден од своите најдобри фудбалери, кој се наоѓа пред трансфер во Пари Сен Жермен. Ќе биде тоа мегатрансфер вреден половина милијарда евра, кој ќе ги утне сите рекорди во досегашниот европски фудбал. ПСЖ е подготвен да ја плати клаузулата вредна 200 милиони фунти, а потоа и да го направи Нејмар најскапоплатен фудбалер во светот.
Барселона веќе размислува за неговата замена. Французинот Осман Дембеле треба да пристигне на „Камп Ноу“ за околу 40 милиони евра. Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, кој може да игра и како офанзивен играч за врска, е изборот на тренерот Ернесто Валверде и раководството на каталонците. Тој беше „пик“ на Барса и пред да замине во германскиот бундеслигаш.
Поскапа варијанта е Пауло Дибала од Јувентус, но се чини дека италијанскиот првак нема намера да го продава Аргентинецот ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА