Навивачите на Лацио се бесни на Александар Коларов откако нивниот поранешен миленик ја избрал Рома за своја следна дестинација. Србинот не е дел од плановите на Пеп Гвардиола и веќе неколку месеци беше во потрага по нов клуб, а од неколкуте понуди ја избрал токму онаа од Рома, прифаќајќи ги условите за тригодишна соработка со „волчицата“.
Британските медиуми јавуваат дека тој веќе му ја соопштил својата одлука и на Пеп Гвардиола, кој не планира да чува играч што сака да си замине од Манчестер сити. „Граѓаните“ веќе и ја прифатиле понудата од 6,5 милиони евра од Рома, па се очекува Коларов во текот на викендов да ја напушти експедицијата на англискиот гигант во САД и да замине на лекарски прегледи во САД.
Коларов настапуваше за Лацио во периодот од 2007 до 2010 година, па јасно е дека неговиот нов трансфер ќе ги разочара фановите на „орлите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА