Средба Каевски – Ѓорѓиоски: Поголема соработка за успех на фудбалот

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска се одржа средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓоргиоски. На средбата се разговараше за актуелните состојби во фудбалот и продлабочување на соработката меѓу АМС и ФФМ.

Стана збор и за потенцијалните измени во Законот за спорт, во кои ќе учествуваат сите федерации и засегнати страни.

ФФМ има план за уште поголемо популаризирање на фудбалот и организација на фудбалски натпревари на националната репрезентација и во други градови.

„Потребата да се обрне внимание на младите таленти и на трансферот на знаења (стручна подготовка на тренерите) е исто така од големо значење, и благодарен сум што ФФМ работи на оваа проблематика во изминатиот период“, посочи Каевски.

 

Се вчитува...