Новиот прволигаш, тимот на Академија Пандев, оствари победа на третиот контролен натпревар на подготовките во Банско, совладувајќи го кипарскиот тим Неа Саламина со 2-1. Ова покажува дека „пандевци“ полека влегуваат во посакуваната форма пред дебито во елитната македонска конкуренција. Стрелци на головите за Академија Пандев на овој меч беа Стоилов и Димов.
Тренерот Панче Стојанов, на овој меч стартуваше со следниот состав: Вујанац, Марков, Чешмеџиев, Петриќ, Атанаскоски, Иванов, Атанасов, Стоилов, Пандев, Балдовалиев, Трапановски. Играа уште: Михаилов, Темелков, Бери, Димов.
Тој е задоволен од прикажаното на дуелот со Неа Саламина.
„Функциониравме компактно, одигравме добро. Иако има уште работа и простор да напредуваме, за овој период со тешки нозе, добро е што креираме шанси. Продолжуваме со анализи и напорна работа, и се надевам подготвени ќе влеземе во првенството, кое за многу од нашите играчи ќе биде за првпат во прволигашка конкуренција“, истакна тренерот Панче Стојанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА