Рома официјално го претстави петтото засилување за ова лето, туркскиот талент Ченгиз Ундер од Басакшекир пристигна на „Олимпико“ за 13.5 милиони евра, плус 1.5 милион евра бонуси. 20-годишното крило потпиша петгодишен договор со „Волчицата“.
„Среќен сум што ќе играм за Рома. Ова е голем клуб, со прекрасни навивачи, со нетрпение чекам да излезам на теренот. Мојата цел е да се наметнам во првиот тим и да покажам дека заслужувам повеќе шанса“, истакна Ундер при првото интервју за клубот.
Ундер имаше статус на првотимец во турскиот прволигаш. Минатата сезона за Басакшекир постигна седум погодоци, асистираше на пет, и придонесе за клубот да се бори за титулата во домашното првенство до самиот крај. Иако Бешикташ стана шампиони, Ундер е еден од најзаслужните што клубот успеа да се бори за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА