Италијанскиот калчолигаш Милан, кој направи вистинска трансферна револуција ова лето и доведе речиси цел нов тим на „Сан Сиро“, тргнува и по Алваро Мората. Раководството на „росонерите“ е подготвено да плати 70 милиони евра за ангажман на шпанскиот репрезентативец и да го доведе од Реал Мадрид повторно во Серија А. Тој претходно во Италија го носеше дресот на Јувентус.
Мората во Милан би заработувал по 10 милиони евра годишно, а би се обврзал на четиригодишна верност кон клубот.
Шпанецот беше трансферна цел и на англиските премиерлигаши Челси и Манчестер јунајтед, но тие сепак се откажаа од негов ангажман, откако Реал Мадрид побара 90 милиони евра отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА