Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше за 31 позиција на најновата ВТА ранг листа, па оваа недела ќе биде на 212. место меѓу најдобрите светски тенисерки.
Ѓорческа не успеа да ги одбрани поените добиени минатата година во истиот овој период, па сега неизбежно беше назадувањето на ранг листата. Македонката поради повреда го пропушти турнирот во Германија, а без настап ќе биде и во следните две недели.На врвот на ВТА ранг листата е Плишкова, пред Халеп, Кербер, Конта и Мугуруза која е на петтото место со скок од 10 позиции по освојувањето на Вимблдон. Меѓу најдобрите десет се и Свитолина, Вознацки, Кузнецова, Венус Вилијамс и Радванска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА