Енис Барди на прегледи, па потпишува за Леванте!… (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска и официјално го финишира трансферот во шпанскиот прволигаш Леванте!

23-годишниот Барди веќе е во Валенсија каде ги мина лекарските прегледи, па сега останува само официјално да потпише договор со повратникот во шпанската Примера дивизија.

Bardi

Како што претходно објавивме, Барди меѓу понудите од Видеотон, Штутгарт и Динамо Загреб, се одлучи да ја прифати онаа од Леванте, пред се поради желбата да настапува на Пиринејскиот полуостров.

Трансферот од Ујпешт во Леванте, според најавите, ќе изнесува 1,5 милиони евра а унгарскиот тим, според договорот, ќе добие и 10% од следниот трансфер на Енис Барди.

Фудбалерот од средниот ред беше најдобиот македонски репрезентативец на Европското првенство за играчи до 21 година кое ова лето се одржа во Полска. Претходно во својата кариера, покрај за Ујпешт, има настапи и за младинската екипа на дански Бронди, како и за шведскиот нисколигаш Преспа Бирлик.

Се вчитува...