Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е пред вратите на новиот шпански прволигаш Леванте. Медиумите на Пиринеите информираат дека Барди и Турчинот Јусуф Јазичи од Трабзонспор треба да пристигнат во клубот на почетокот на идната седмица и да бидат нови засилувања за тимот, во пресрет на новата сезона во Примера.
Енис Барди овој викенд беше изоставен од тимот на Ујпешт, на гостувањето против Пакс (2-2) во првото коло од новиот шампионат на Унгарија, а причината беше токму најавата дека се наоѓа пред трансфер и сигурно ќе го напушти клубот. Барди имаше одличен настап за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска и на трите меча беше стрелец на два гола. Тој е веќе стандарден член и на А-репрезентацијата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА