Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години забележа убедлив пораз од Грузија (78-48) во вториот меч од Европското првенство – Б дивизија, што се одржува до Орадеа, Романија. Нашите млади кошаркари не успеа да продолжат во исто темпо по вчерашниот триумф над Албанија, а денеска налетаа на расположената селекција на Грузија, која беше надмоќна во секој поглед.
Грузијците ја добија првата четвртина со 22-14, а на полувремето веќе имаа двоцифрена предност (37-24). Македонија комплетно падна во последниот период, кога разликата стигна и до убедливи 30 поени во корист на противникот.
Маслинко со 15 поени и Робев со 14 поени беа единствените кои беа расположени во македонскиот национален тим на овој меч. Грузиецот Афказава со 27 поени беше најефикасен кошаркар на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА