Мугуруза го освои Вимблдон

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја освои титулата на гранслем турнирот Вимблдон, откако во големото финале ја совлада Американката Венус Вилијамс со 2-0 во сетови (7-5, 6-0). Тоа е прв трофеј за неа на престижниот турнир во Лондон, а вкупно втор во кариерата од гранслем серијата.

Венус Вилијамс имаше сили за еден сет. Беше дури и на прагот да го освои, водеше со 5-4 во гемови и имаше две брејк – топки за да го комплетира, но не успеа. Потоа Мугуруза го доби сетот со 7-5 во гемови и комплетно го скрши нејзиниот отпор.

Во вториот сет, шпанската тенисерка комплетно доминираше и го освои со убедливи 6-0, стигнувајќи до својот прв трофеј на Вимблдон.

Утре е на програмата финалето во машка конкуренција, а силите ќе ги одмерат Швајцарецот Роџер Федерер и Хрватот Марин Чилиќ.

Се вчитува...