„Милионерите“ среќни: Геце повторно игра фудбал!

Марио Геце по речиси шест мецеси денеска повторно заигра фудбал. Борусија Дортмунд на турнејата во Јапонија одигра пријателски натпревар со јапонскиот прволигаш Урава, а возбудливата средба Геце ја направи уште поубава. Влезе како замена за Нури Сахин во 62. минута, со што најави „кам-бек“  по привремената пензија.

Германецот кој боледуваше од нарушување на метаболизмот, очигледно закрепнува по петмесечната рехабилитација, што е добра вест за клубот. Борусија Дортмунд може да го смета 25-годишниот фудбалер како петто засилување.

Германскиот прволигаш пред извесно време информираше дека Геце започнал да тренира со првиот тим. Миленикот на германските навивачи кој пред три години го постигна победничкиот гол на СП во Бразил за златото, се надева дека ќе биде комплетно подготвен за стартот на новата фудбалска сезона во Бундес-лигата.

getze02

bvbgetze

Се вчитува...