Леонардо Бонучи и официјално е член на Милан, а италијанскиот репрезентативец купи една страница реклама во најтиражниот спортски весник „Газета дело спорт“ – за да се прости од Јувентус.
Под насловот „Една прекрасна приказна – Јуве, ти благодарам за се“, дефанзивецот додаде и посвета до „црно-белите“:
Минаа седум години, седум години од победи, соништа што се остваруваа и развој преку неверојатната поврзаност со Јуве. Шест скудета, сите освоени со жестока борба. Секако, останува тагата што не ја освоивме и Лигата на шампионите, но многу посилно е чувството на гордост за сите остварени успеси, гордоста што бев дел од едно големо семејство. Секогаш го давав максимумот, до самиот крај. Добивав, давав и учев.Кога ќе погледнам наназад гледам фантастична приказна која доаѓа до својот крај, но секогаш со максимална почит и љубов ќе се навраќам на сето она што го доживеав со клубот, со капитенот, со соиграчите и навивачите. Јувентус, ти благодарам за се“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА