Пјер Емерик Обамејанг ќе биде голгетерот што Челси ќе го доведе во своите редови како замена за Диего Коста. Оваа одлука ја донел менаџерот Антонио Конте, кој го избра напаѓачот од Габон пред Алваро Мората во потрагата по нов гол-мајстор за својот тим.
Инсистирањето на Реал Мадрид на отштета од над 80 милиони евра за Мората беше една од главните причини поради кои Конте не сакаше нови долги преговори како оние претходните со Ромелу Лукаку. Од друга страна, Борусија е подготвена да го продаде Обамејанг, сумата од 70 милиони евра би требало да се намали по затворањето на кинескиот пазар и повлекувањето на Тианјин од трката.
Англиските медиуми најавуваат дека Челси и Борусија би можеле да се договорат веќе во текот на викендов, се со цел Обамејанг што поскоро да му се стави на располагање на Антонио Конте.
Во меѓувреме, лондонскиот клуб преговара со Атлетико Мадрид околу продажбата на Диего Коста, кој јасно стави до знаење дека останатите понуди не го интересираат, а размислува само за камбек во редовите на „јорганџиите“ од Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА