Шпанија и Англија играа ревијален натпревар на „Турнирот на ѕвездите“ во Лондон, во формат од пет плус голман, со бројни поранешни легенди на фудбалот како Џерард, Овен, Невил, Пујол… на терен.
И требаше да биде тоа само една обична ревија, но легендарниот капитен на Барселона, Карлос Пујол во втората минута брутално стартуваше во коленото на помладиот брат Невил, Фил.
„Ова е најлошиот старт кој сум го видел на фудбалски терен. И уште судијата ми вели дека стартувал на топка. Се надевам дека ФИФА и УЕФА ќе реагираат“ – на шега прокоментира 40-годишниот Фил Невил, а потоа всушност дополни и што вистински мисли за потегот на Шпанецот.
„Шега на страна, навистина беше лош старт. А, само што почнавме со мечот. Сите останаа шокирани“ – рече Невил, кој на крајот и добро мина затоа што за малку лесно можеше да замине со скршена нога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА