Германскиот бундеслигаш Лајпциг ја одби понудата на Ливерпул вредна 57 милиони фунти за ангажман на Наби Кеита. Тој е голема желба на менаџерот на англискиот премиерлигаш Јирген Клоп, но раководството на Лајпциг не сака ниту да слушне за негова продажба ова лето.
Во договорот на Кеита има клаузула дека по завршувањето на следната сезона ќе може да биде откупен за 48 милиони фунти. Но, дотогаш Лајпциг не сака да го продаде, а медиумите на Островот најавуваат дека Ливерпул нема така лесно да се откаже и ќе понуди и поголема сума за овој играч за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА