Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот „Телави опен“ во Грузија кој се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Во второто коло, Јотовски кој е осми носител на турнирот, славеше во три сета против Русинот Кристијан Лозан со 1-6,7-6,6-1.
Во четвртфиналето македонскиот тенисер ќе се сретне со Грузиецот Георги Цивадзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА