Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез најверојатно ќе остане во редовите на Арсенал и следната сезона. Барем така се надеваат „топчиите“, предводени од менаџерот Арсен Венгер. А, дополнителна верба им дава и презентацијата на новите гостински дресови на клубот, на кои се појави и Алексис Санчез.
Тимот од „Емирати“ веќе замина на турнеја во Австралија, каде Арсен Венгер уште еднаш потенцираше дека очекува Чилеанецот да остане во составот. За него е сериозно заинтересиран Манчестер сити.
„Алексис Санчез е еден од најквалитетните напаѓачи во светот, и секако дека со него Арсенал ќе биде многу посилен. Тој влегува во последната година од актуелниот договор, но тоа не значи дека нема да се согласи за продолжување на соработката пред самиот старт на шампионатот, или во текот на сезоната“, изјави Арсен Венгер, сакајќи да ги убеди фановите дека Чилеанецот и понатаму ќе го носи дресот на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА