Федерер лесно до полуфиналето на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во полуфиналето на гранслем турнирот Вимблдон, откако во четвртфиналниот дуел со 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 7-6), лесно и убедливо, го совлада Милош Раонич. Тој во битката за финалето ќе го одмери силите со Чехот Томаш Бердих, кој предвреме го доби мечот со Новак Ѓоковиќ, со оглед дека Србинот предаде поради повреда во вториот сет.

Во второто полуфинале, силите ќе ги одмерат Хрватот Марин Чилиќ и Американецот Сем Квереј.

Федерер првиот сет го доби лесно, а во вториот уште полесно стигна до сериозна предност. Раонич најголем отпор даде во третиот сет, но потклекна во тај-брејкот, кој му припадна на Швајцарецот, на поени со 7-4.

Се вчитува...