Младинскиот репрезентативец на Македонија, Доријан Бабунски е пред потпис со холандскиот второлигаш ФЦ Ос!
Според нашите информации, Бабунски веќе се наоѓа на подготовките со тимот на Ос, а се очекува наредниве денови и официјално да потпише со клубот кој се натпреварува во Втората лига на Холандија. И од ФЦ Ос веќе потврдија дека Бабунски е дел од тренинзите на тимот по што стручниот штаб на клубот треба да даде оценка околу квалитетите на македонскиот офанзивец.
Бабунски минатава сезона беше дел од љубљанска Олимпија, но ја мина како позајмен фудбалер во Радомље. Сега како слободен фудбалер би реализирал трансфер во редовите на холандскиот второлигаш.
20-годишниот Доријан, брат на Давид Бабунски, како што е познато, потекнува од фудбалската школа на Реал Мадрид, а претходно во својата кариера има настапувано и за шпанската Фуенлабрада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА