Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ќе остане со празни раце кога е во прашање ангажманот на Бразилецот Дани Алвеш. Иако имаше најави дека ќе им се приклучи на „граѓаните“, тој сепак одлучи да замине за Париз и денеска треба да стави потпис на двегодишен договор со ПСЖ.
Гвардиола сега се најде во небрано и ќе мора веднаш да реагира. Нема многу квалитетни играчи на пазарот што можат добро да ја пополнат десната бековска позиција, па Манчестер сити ќе тргне по Кајл Вокер, фудбалерот на Тотенхем. Тој имаше недоразбирања со Маурисио Покетино и не играше многу минатата сезона, но тоа нема да го спречи Гвардиола да му даде шанса во Манчестер сити, посебно откако дозволи и Забалета да замине во Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА