Венус Вилијамс со лекција за Остапенко

Венус Вилијамс продолжува со фантастичните игри на Вимблдон, откако 37-годишната Американка денеска славеше над Јелена Остапенко и се пласираше во полуфиналето од овој гранслем турнир. Венус сервираше фантастично и лесно го доби првиот сет со 6-3, а младата Остапенко ја загуби смиреноста во клучните моменти од вториот сет, па Вилијамс славеше со максимални 2-0 во сетови (7-5, 6-3).

Ова беше јубилеен 100. меч на Венус во сингл на Вимблдон, со што таа стигна до десеттото полуфинале во своите досегашни 20 настапи на овоj турнир. Ова е второ гранслем полуфинале годинава за постарата сестра Вилијамс, која последен пат играла во две полуфиналиња од најсилните турнири во иста година уште во 2007.

Нејзина следна противничка ќе биде подобрата од дуелот Јохана Конта – Симона Халеп.

Шпанката Мугуруза со 2-0 во сетови ја совлада Кузнецова, па сега во полуфиналето ќе се сретне со победничката од дуелот Рибарикова – Вандевеге.

Се вчитува...