Официјално: Севилја го претстави Луис Муриел

Колумбиецот Луис Фернандо Муриел и официјално ќе го носи дресот на Севилја во наредните пет сезони. Трансферот на напаѓачот од редовите на Сампдорија е најскапиот трансфер во историјата на андалузискиот клуб, за неговите услуги беа издвоени 20 милиони евра, плус дополнителни клаузули.

26-годишниот голгетер ќе заработува 7 милиони евра годишно, а доколку некој клуб се интересира за него, Севилја ќе го пушти да си оди за 50 милиони евра, колку што изнесува отштетната клаузула во неговиот договор.

Фановите на Севилја очекуваат многу од нивниот нов напаѓач. Минатата сезона Муриел беше навистина голгетерски активен во Сампдорија. Учествуваше во 20 погодоци, односно постигна 11 гола, а асистираше девет пати.

  

Се вчитува...