Рафаел Надал не го криеше разочарувањето по елиминацијата уште во осминафиналето од Вимблдон, откако Шпанецот го загуби маратонот со Жил Милер од Луксембург, со 13-15 во петтиот решавачки сет. По повеќе од пет часа борба шпанскиот ас беше принуден на капитулација, со што исчезнаа и неговите надежи дека би можел на крајот од оваа седмица да се искачи и на врвот на АТП-листата.
„Разочаран сум, ова е вистинска штета. Дојдов овде подготвен, знам дека можев да стигнам и до титулата на Вимблдон, но ете загубив во осминафиналето. Немам што конкретно да кажам, дадов се од себе, одиграв на високо ниво по грешките во првите два сета. Имав свои шанси и во петтиот сет, но тоа е спортот. Ми останува сега добро да се одморам, па максимално подготвен да влезам во завршниот дел од сезоната“ – изјави Надал по вчерашниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА