Интер се ослободи од Гари Медел

Гари Медел ги засили редовите на мексичкиот првак Тигрес. 29-годишниот везен играч по три години го напушта Интер и се сели на северно-америчкиот континент. За екипата на Тигрес стави потпис на тригодишен договор, вреден 10 милиони евра. Шампионот на Мексико за неговите услуги исплати седум милиони евра.

Поранешниот играч на Бока Јуниорс, Кардиф и Севилја беше пред вратите на Бешикташ, но понудата од Мексико очигледно е попримамлива. Се спомнуваше и враќање во Бока Јуниорс, но ниту еден клуб не можеше да парира на понудата од Тигрес.

Мексичкиот тим со овој потег веднаш обезбеди замена за Гвидо Пизаро, кој ги засили редовите на Севилја во вредност од шест милиони евра.

Се вчитува...