Новиот прволигаш Скопје ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која се враќа повторно на домашната прволигаш сцена.
По враќањето на Љупчо Марковски – Калц на клупата на Скопје, стартуваше и ангажманот на нови фудбалери кои треба да го засилат играчкиот кадар за прволигашкиот предизвик.
Од денеска на тимот се приклучи и довчерашниот фудбалер на Работнички, младинскиот репрезентативец Бенјамин Демир кој треба да биде сериозно засилување за средниот ред и нападот. 20-годишниот Демир, како што е познато, претходно има настапи за домашните Тетекс и Пелистер и хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ.
Засилување за ФК Скопје е и офанзивецот Флорент Османи кој минатата сезона настапуваше за Лирија од Призрен, но по завршувањето на договорот се одлучи да ја прифати понудата од тимот од Автокоманда.
И Демири и Османи се договорија за потпишување на едногодишни договори со можност за продолжување потоа на соработката на уште една.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА