Гвардиола ќе купува дефанзивец од Шпанија

Пеп Гвардиола ја научи лекцијата откако доведе скапо платено промашено засилување за одбраната од Премиер-лигата (Џон Стоунс од Евертон), па стратегот на Манчестер сити сега разгледува опции од Шпанија за освежување на последната дефанзивна линија.

На врвот на листата со желби се наоѓа Иниго Мартинез од Реал Сосиеад, квалитетен дефанзивец кој има клаузула за раскина со баскискиот клуб за само 30 милиони евра. Сериозен интерес за овој фудбалер искажуваат и Барселона и Јувентус, но стратегот на „граѓаните“ верува дека ќе успее да го убеди Мартинез да му се приклучи во Манчестер.

Откако Гвардиола ги доби посакуваните засилувања Бернардо Силва од Монако и Едерсон од Бенфика, а во тек се и разговорите за Алексис Санчез, сега трофејниот стратег се насочува и кон зајакнување на одбраната, а токму Мартинез може да биде решение.

Мартинез потекнува од академијата на Реал Сосиедад. За шпанскиот прволигаш настапи на 223 натппевари, 16 пати се запишал во листата на стрелци. Шпанецот беше дел од репрезентацијата која настапи на олимписките игри во Лондон, 2012 година, а за сениорите дебитираше во 2013 година, но потоа националниот дрес го облече само уште четири пати.

 

Се вчитува...