Севилја по неколкуте заминувања се активираше и околу доаѓањето на нови фудбалери. Вечерва и официјално е договорен трансферот на Муриел од Сампдорија, со што колумбискиот голгетер ќе стане најскап фудбалер во историјата на Севилја. Шпанскиот прволигаш плати 20 милиони евра, плус пет преку дополнителни клаузули, за да го доведе Муриел во своите редови откако ланските голгетери не се снајдоа најдобро во титмо на Сампаоли.
Колумбиецот во текот на утрешниот ден ќе допатува во Шпанија, па веднаш по лекарските прегледи ќе го стави потписот на четиригоишниот договор со Севилја.
Левиот бек на Астон Вила, Џордан Амави ќе биде третото засилување за Севилја. Андалузијците се засилуваат на позицијата која им беше најранлива минатата сезона, 23-годишниот Амави пристигнува за сума од осум милиони евра од редовите на Астон вила. Трансферот ќе биде официјализиран во следните часови, а францускиот фудбалер ќе потпише петгодишен договор.
Французинот беше дел од составот на Астон Вила од 2015 година, пристигна како големо засилување од Ница, но во дебитантската сезона одигра само 10 натпревари во Премиер лигата. Амави го доби статусот на првотимец во Астон Вила откако клубот изминатава сезона играше во Чампионшип-дивизијата, а беше стартер на 26 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА