Милан и натаму е заинтересиран за доведување на голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг кој наводно одбил огромна финансиска понуда на кинески Тианјин.
Сега италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу двата клуба никогаш не престанале околу можниот трансфер на Обамејанг. Милан е еден од ретките клубови кој остана во игра за Обамејанг, иако за „росонерите“ најголемата пречка за реализација на овој трансфер е платата од 12 милиони евра годишно, колку што бара Габонецот.
А, информациите се дека Милан прифатил плата од осум милиони евра. Сега низ преговори челниците на тимот од Милано се обидуваат да го омекнат ставот на напаѓачот.
Од Борусија Дортмунд потенцираат дека тие се уште очекуваат и дека, доколку не се добие навистина вредна понуда, Обамејанг ќе остане во клубот и следната сезона.
„Во овој момент исто така претпоставуваме дека Обамејанг останува во клубот. Се договоривме со него дека ќе останеме отворени за разговор, но нема уште долго да чекаме“ – вели спортскиот директор на Борусија, Михаел Зорц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА