Раџа Наинголан имаше зад себе извонредна сезона со 14 гола и седум асистенции во сите натпреварувања, па неслучајно се наоѓа на листата со желби на неколку европски гигант. Челси и Манчестер јунајтед веќе подготвија понуди од по 40 милиони евра за да го доведат Наинголан во своите редови, но ставот на Рома е јасен – белгискиот репрезентативец не е за продажба.
„Знам дека постои интерес за уште неколку наши фудбалери, меѓу нив и Наинголан, но треба да знаат дека Рома нема да продаде никого до крајот на овој преоден рок. Времето на продажби заврши, сега сме насочени на доведување на нови играчи со кои повторно ќе имаме моќен тим и ќе атакуваме на трофеи. Оние клубови кои го сакаат Наинголан нека заборават на него инека не се мачат да испратат понуди“ – изјави директорот Мончи.
„Волчицата“ ги продаде Салах во Ливерпул, Рудигер во Челси и Паредес во Зенит, па јасно е зошто Мончи ќе стори се за да го задржи Наинголан, како лидер на тимот за следната сезона заедно со Един Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА