Руни договори двегодишна соработка со Евертон

Англискиот напаѓач и актуелен капитен на Манчестер јунајтед, Вејн Руни договори двегодишна соработка со Евертон, пренесува „Дејли стар“.

31-годишниот Руни веќе со месеци се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“ поради лошите игри изминатите сезони, а нова дестинација веќе сигурно ќе биде Евертон. Офанзивецот токму од Евертон пред 13 години пристигна во Манчестер, а и самиот призна дека Јунајтед и Евертон се единствените два клуба во Премиер лигата за кои би настапувал.

Според договорот, кој веќе бил постигнат, Евертон ќе има опција во договорот со која ќе може да го задржи Руни уште една година по крајот на двегодишната првично договорена соработка.

Се вчитува...