Интер победи во трката за аргентинското „чудо од дете“!

Аргентинските медиуми соопштуваат дека Интер постигнал договор со Бока јуниорс за ангажман на талентираниот тинејџер Факундо Колидио.

17-годишниот Колидио и дефинитивно оди во Интер, а најзаслужен за реализацијата на овој трансфер е потпретседателот на Интер, легендарниот Хавиер Занети кој синоќа успеал да постигне договор со претседателот на Бока, Даниел Ангеличи.

Младиот Колидио се поврзуваше и со Јувентус, но овој пат Интер беше далеку поконкурентен. Се шпекулира дека Бока јуниорс од овој трансфер ќе инкасира 7 милиони евра.

Се вчитува...