Бојан Богдановиќ максимално го искористи фактот дека летово беше „слободен агент“, па се избори за извонреден договор во НБА-лигата. Очекувано, одличниот шутер реши да си замине од Вашингтон, а од неколкуте интересни понуди ја избра онаа на Индијана пејсерс, тим со кој хрватскиот репрезентативец потпиша двогодишен договор.
Финансиските услови понудени од Индијана беа подобри од останатите клубови, а со платата од 10,5 милиони долари по сезона, Богдановиќ стана и најплатен хрватски спортист на сите времиња. Бојан на врвот на оваа листа го симна фудбалерот Лука Модриќ, кој според последниот договор со Реал Мадрид годишно заработува по 8,5 милиони долари по сезона.
Бојан Богдановиќ се пресели во НБА по одличната сезона во дресот на Фенербахче, по што кариерата ја продолжи во дресот на Бруклин нетс. Тој во февруари годинава беше испратен во Вашингтон, па Индијана пејсерс ќе биде третиот НБА-клуб во кариерата на овој одличен кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА