Трансферот на Ромелу Лукаку во јунајтед создаде хаос кај Челси и навивачите на шампионот, па сега Конте мора да наоѓа други решенија за нападот. Италијанскиот стратег го бара Хавиер Ернандез – Чичарито, поранешниот ас на „Ѓаволите“.
Но, за разлика од рекордната сума за Лукаку, Челси нема да потроши ни приближно за мексиканскиот голгетер. Во договорот со Леверкузен, Чичарито има клаузула од 15 милиони евра, сума која Челси без проблем ќе ја исплати.
Секако дека 29-годишниот напаѓач нема да биде прв избор во нападот на Конте. Андреа Белоти и Алваро Мората се уште се мети на англискиот првак, но со оглед дека потфрлија во трансферот на Лукаку, се уште ги немаат реализирано ангажманите на Бакајоко и Алкес Сандро, летото за нив и натаму ќе биде „пеколно“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА