Македонските претставници во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа, Работнички и Шкендија првите натпревари против Динамо Минск односно Хелсинки, како домаќини ќе ги играат во ист термин, на 13. јули од 18 часот.
Согласно финалната потврда од УЕФА околу термините и локациите на двата натпреварите, „романтичарите“ против белорускиот Динамо Минск повторно ќе бидат домаќини на стадионот на тренинг комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.
Шкендија, пак, својот натпревар против фински Хелсинки на 13. јули ќе го игра повторно на стадионот „Младост“ во Струмица.
Реванш мечевите и за двете пресметки се играат на 20. јули во Минск односно Хелсинки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА