Македонскиот интернационалец Муарем Муарем својата кариера ја продолжува во казахстанскиот прволигаш Актобе.
Откако се раздели со азербејџански Карабах, 28-годишниот Муарем се одлучи да продолжи со интернационалната кариера но сега преселувајќи се во Казахстан. Според нашите информации, веќе е договорен трансферот на фудбалерот од средниот ред, а во текот на денешниот ден се очекува само официјалното преставување на Муарем во дресот на Актобе.
Муарем Муарем, во својата кариера, покрај во домашните Скопје, Работнички и Тетекс, има настапувано и за турските Ордуспор и Ескишехирспор. За Карабах запиша 111 официјални настапи со 22 постигнати гола. Има и седум настапи во дресот на сениорската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА