Фудбалерите на Шкендија го одработија официјалниот тренинг на стадионот „Спеија“, каде утре со почеток во 16 часот, ќе го одиграат реванш натпреварот против молдавскиот претставник Дачија, во рамките на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. Тренерот Ќатип Османи им сервираше на своите избраници полесен тренинг, за да се запознаат со мегданот каде ќе се одвива утрешната битка.
Капитенот Ферхан Хасани, претходно, на прес – конференција, го најави рецептот по кој ќе се раководи Шкендија…Иста игра како и во Струмица, тоа даде одличен резултат. Шкендија има предност од 3-0 пред утрешните, втори 90 минути, овојпат во Молдавија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА